СДСМ: Над 180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден!

Од:

„Светска банка ја потврди тажната вистина за Македонија и нејзините граѓани дека над 180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден.

Промашените економски политики на Никола Груевски го полнеа џебот на неколкумина луѓе од врвот на власта, а ги осиромашуваа останатите граѓани.

Една четвртина од населението или околу 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.

Затоа граѓаните на 11 декември имаат избор или сиромаштија или достоинствен живот.

За достоинствен живот мора да има и достоинствена плата и грижа за социјално загрозените категории на граѓани. Во нашиот План за живот минималната плата веднаш уште во првите 4 месеци ќе ја зголемиме на 12.000 денари и таа ќе важи еднакво за сите работници. До крајот на мандатот минималната плата ќе изнесува 16.000 денари.

Ќе воведеме и програма за минимален адекватен приход за граѓаните кои живеат во сиромаштија. Секое четиричлено кое не остварува никаков приход ќе добие 12.000 денари месечно, а семејствата што остваруваат приход под 12.000 денари ќе ја добијат разликата до 12.000 денари.

За достоинствен живот граѓаните имаат избор на 11 декември, 4 за Живот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски