СДСМ: Над 18 милиони евра за капитални проекти во образованието во 2023 година, инвестираме во образовниот систем

Од:

СДСМ во изминатите пет години сериозно вложува во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. За 2023 година за капитални инвестиции во образованието се предвидени 18,3 милиони евра, што е за 8,9 отсто повеќе средства во споредба со минатата година велат од СДСМ.

– Оваа година ќе започне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје. Целосно нов објект ќе се гради за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и целосно ќе се реконструираат сите девет државни студентски домови. Оваа година ќе започне и реконструкцијата на 118 училишни објекти, како и изградбата на 10 нови спортски објекти во училиштата. Покрај вложувањата во објекти и опрема, се инвестира и во човечкиот капитал. Платите на вработените во основното и средното образование од 2017 година досега се зголемени за вкупно 36 отсто се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски