СДСМ: Набавката за која што ВМРО-ДПМНЕ зборува е странска донација, не се трошат пари на граѓаните

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да замисли транспарентна и законска јавна набавка.

Цели 11 години јавните набавки се спроведуваа сомнително и далеку од очите на јавноста, граѓаните немаа увид како и за што се трошат нивните пари.

Телефонски се нарачуваше „она на М“ и се делеа провизии од типот „ало Миле ми текна“. Тоа време заврши.

Министерството за одбрана јавно објави дека споменатата набавка на службени возила е странска донација за која не се потрошени пари на граѓаните.

Потпишаниот договор е за речиси 2 милиони денари поевтин во однос на проектирната сума за набавка на возилата, а возилата се набавени преку законска постапка. Како што соопшти МО за целата набавка на електронска аукција учествувале повеќе понудувачи и постигната е најниската цена. Јасно, кристално чисто, транспаретно и во рамки на законските прописи.

Тоа е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и оттука нивните реакции полни со лажни вести и невистини“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски