СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ сите им се криви

Од:

После 10 години ВМРО-ДПМНЕ ја сруши економијата, ги осиромаши граѓаните, го згази нивното достоинство, ги закочи евроинтегративните процеси, ја задуши слобода во медиумите…
 
Поразителните податоци на Светската банка и другите меѓународни организации го потврдуваат целосното уназадување на земјава поради погрешните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
 
Според податоците на Светска банка 623.312 граѓани заминале од Македонија. Над 180 илјади граѓани во земјава живеат со по 40 денари на ден. Над 10.000 домашни фирми се затворени, а секоја трета е со блокирана сметка.
 
Народна банка потврди дека Македонија е на дното во Европа и регионот по странски инвестиции.
 
Европската комисија констатираше загиружувачки раст на јавниот долг.
 
Сега на ВМРО-ДПМНЕ сите им се криви.
 
Сакаа да ја демантираат Светска банка, ја негираа Европската комисија а денеска зборува за терористички организации и безобразно ја обвинува СДСМ.
 
Разбираме дека кај ВМРО-ДПМНЕ расте паниката поради целосно загубената поддршка од граѓаните и изборниот пораз на 24-ти април. Соопштенија со ваков речник зборува за тешката состојбата во којашто се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ.
 
СДСМ е партијата којашто ја носи слободата во Република Македонија и тоа е сериозен проблем за ВМРО-ДПМНЕ.
 
По 24-ти април, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана а земјава повторно ќе биде успешна, економски силна и цврсто ќе чекори напред.
 
Се е јасно. Времето на Никола Груевски помина. Доаѓа слободата. 
 
Збогум Никола и збогум на твоето друштво, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски