СДСМ: На Стоилковски не му пречеше загадувањето кога ги бранеше политиките на Груевски

Од:

На Стоилковски не му пречеше загадувањето кога ги бранеше политиките на Груевски, денес се преземаат системски мерки, а бројот на денови со висока загаденост опаѓа, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со аерозагадувањето, а преку погубните политики и директно го поттикнуваше загадувањето.

Непланските градби, масовното уништување на зеленилото заради лични бизнис интереси придонесоа загадувањето енормно да се зголеми а последиците се чувствуваат и денес.

Тогаш на Наум Стоилковски не му пречеше загадениот воздух бидејќи како новинар до последно ги бранеше криминалните политики на Никола Груевски.

За разлика од таквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ кон загадувањето, денес владата предводена од СДСМ и сите институции со системски мерки се борат против загадувањето.

Се инвестира во замена на старите и нееколошки начини на загревање на јавни објекти и приватни домови, се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоците за замена на нееколошките возила со погон на гас, метан и струја, интензивно се работи на гасификација.

Владата предводена од СДСМ издвои 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење на јавни објекти во Куманово.

Наскоро пристигнуваат 33 еко автобуси за јавниот превоз во Скопје, со што ќе се замени дел од стариот и нееколошки возен парк во јавниот превоз.

10 милиони евра се обезбедени за субвенционирање на инвертори за 10.000 семејства, а со намалување на ДДВ за парно, се очекува да порасне бројот на нови корисници на овој еколошки начин на загревање.

Предизвици се уште постојат бидејќи се работи за комплексен проблем, но бројот на денови со висока загаденост во текот на годината, кој во последните две години се намалува покажува извезен напредок во решавање на овој децениски проблем.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“