СДСМ на средба со граѓаните на Виница, Чешиново и Облешево, Зрновци и на Кочани

Од:

Претставници на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, предводени од пратеничката Јагода Шахпаска, ги посетија Виница, Чешиново и Облешево, Зрновци, Кочани во рамките на своите редовни посети низ источниот регион на Македонија.

Како што соопштуваат од СДЦМ, во Виница граѓаните се пожалиле на лоши услови за работа, дека се кршат работнички права, голем број фирми не исплаќаат К-15, како и за тоа дека се работи прекувремено и за празници.

„Граѓаните во Кочани велат дека кредитите и субвенциите за самовработување се делат на луѓе блиски до тесната група на власт. Жителите на Зрновци разочарано коментираа дека еднократната парична помош се злоупотребува предизборно, а дека до неа речиси и да не може да се дојде кога тоа им е потребно на засегнатите граѓани“, стои во соопштението од партијата.

На непосредните средби со граѓаните, претставниците на Комисијата за труд и социјална политика ги презентирале мерките на СДСМ за стабилни социјални политики.

„Се забележуваат и конкретните проблеми што ги имаат граѓаните, автентични за средината во која живеат, за заедно со граѓаните да се утврдат соодветни решенија за нивно надминување“, стои во соопштението, во кое се додава дека во следниот период Комисијата за труд и социјална политика ќе ги посети граѓаните од западниот регион на државата.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел