СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот

Од:

Скопје четири години тоне на секое поле, скопјани се соочуваат со нехигиена, хаос во јавниот превоз, урбанистичко дивеење, а ВМРО- ДПМНЕ и Арсовска се фатија за рециклирање на споменици од режимот и криминалниот Скопје 2014, велат од СДСМ.

– Андон Јанев- Ќосето е историска маргинална но длабоко контраверзна личност. Ваков споменик не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место, може да е само во соодветно поглавје од македонската историја, поткрепено со историски извори.

На Скопје не му треба ново споменично лудило туку реализација на проекти и подобрување на животот на скопјани.

На скопјани им треба чисто Скопје со функционални претпријатија, обнова на јавниот превоз, да живеат во метропола во која може да стигнат навреме и без нервози.

На Скопје му треба запирање на урбанистичкиот хаос, целосна обнова на постојната инфраструктура на градот и враќање на културата, животот и урбаниот дух на Скопје, кој толку многу недостига, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски