СДСМ: На речиси 12 илјади земјоделци, исплатени им се околу 10 милиони евра субвенции

Од:

СДСМ и Владата предводена од премиерот Заев продолжува со политиките кои значат вистинската грижа за земјоделците, во секој момент, особено кога поддршката од државата им е најпотребна. На сметките на речиси 12.000 земјоделци исплатени се околу 10 милиони евра субвенции рече на прес конференција претседателот на Комисијата за земјоделство на СДСМ, Гоце Георгиевски.

„Исплатени се субвенциите за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметките имаат и сите фармери кои задржале женско јагне. На сметките на тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020. Досега веќе се исплатени 5,5 милијарди денари, заедно со усвоениот ребаланс а со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат рекордни 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци. Во наредните денови се очекува да се исплатат и преостанатите субвенции“ – вели Георгиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО