СДСМ на работни средби во Битола, Кичево

Од:

Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, во рамките на своите редовни активности викендов е на работни средби во Битола, Кичево и населените места од југозападниот и пелагонискиот плански регион.

Целта на посетите е да се согледаат моменталните состојби, како и да се направи поголема мобилизација на соодветни кадри кои ќе можат да се справат со наталожените проблеми, на коишто институциите, како на локално, така и на државно ниво, не реагираат. Ваквата состојба на функционирање на институциите генереира сè поголемо незадоволство кај граѓаните и повеќе не е дозволива.

Од разговорите со граѓаните, следниве проблеми се најгорливи: општините се расфрлуваат со пари на граѓаните за непродуктивни цели – а за тоа никому не даваат отчет,  јавни претпријатија тонат во долгови, и на крајот на грејната сезона не се решени проблемите на училиштата со греењето, училиштата се во големи финансиски долгови, институциите трупаат партиски кадри, наместо да се ангажираат професионалци, локалната инфраструктура во најголем дел е во распаѓање, владее урбанистички хаос, депониите стануваат `се поголем проблем и опасност за граѓаните…

Согледувајќи ги проблемите со кои се соочуваат граѓаните, целта на СДСМ е да излезе
во пресрет на граѓаните со чесна понуда, чесни и професионални луѓе и соодветни решенија. Во програмата на СДСМ, “Промени за нов почеток“ се наведени генералните правци и соодветни мерки што треба да се превземат за да се доведат состојбите во нормала, но преку овој начин на работа со граѓаните, ќе бидат дополнително земени предвид актуелните проблеми што се појавиле како товар за луѓето во локалните средини поради нефункционалноста на системот во целина.

Нашата намера е Македонија да биде пристојно место за живеење за сите граѓани, квалитетот на живот и услугите што се нудат на граѓаните да бидат подеднакво квалитетни во сите региони и населени места низ државата. Луѓето својата и иднината на своите деца да ја гледаат во своите домови и во својата држава, а не расеани низ целиот свет.

Комисијата за локална самоуправа продолжува да работи активно на терен, заедно со активистите на СДСМ и граѓаните.

Во следниот период планирано е да се реализираат вакви посети во останатите шест плански региони во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани