СДСМ: На повидок нов скандал, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат која е нејзината улога во палењето возила?

Од:

„По информациите во медиумите градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да објаснат пред граѓаните која е нејзината поврзаност или улога во палење на возило? Очигледно на повидок е нов скандал поврзан со Данела Арсовска, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Според информациите на медиумите Аросвска била повиканата на разговор во полициска станица поврзан со случај со закани и опожарување на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори.

Како што се наведува, извршната директорка и првиот човек на Сојузот на стопански комори кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на Арсовска за градоначалничка биле изложени на разни притисоци, закани по нивниот живот и животот на нивните семејства.

Ова се сериозни индиции за голем скандал и затоа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да одговорат: Каквва е поврзаноста на Арсовска во заканите и палаењето на возилото? Дали Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова?“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Информацијата дека градоначалничката Арсовска била повикана во полиција ја објави Фокус.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените