СДСМ: На Мицкоски и Апасиев им се случи нов изборен пораз

Од:

„Со двојнатата победа на СДСМ и владејачката коалиција, во Центар Жупа и Маврово Ростуше граѓаните испратија силна, јасна и недвосмислена порака дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности. Граѓаните во тешки времиња препознаа дека СДСМ и европската коалиција го држат вистинскиот правец и ги спроведуваат вистинските, европски политики и на Мицкоски и Апасиев им испорачаа нов изборен пораз“, соопшти СДСМ.

„Што и да зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ фактите се неумоливи. Тие на вонредните локални избори изгубија во две општини, а во третата имаат пад на гласовите од над 1.000 гласа.

Мицкоски може да се врати во основно образование бидејќи и математиката и политиката му се слаба страна. Тоа што се обидува сопствениот пораз да го претставува за некаква победа покажува дека Мицкоски има проблем со математичките операции ама и со логиката.

Можеби затоа и го нема да се јави Мицкоски со денови, макар и на својот ФБ профил.

Нема што да каже, бидејќи граѓаните му кажаа дека се за напредок, развој, економски раст, повисоки плати, одговорност и посветеност, а против блокади, деструкции, лаги и шпекулации“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски