СДСМ: На Груевски воопшто не му е грижа што не функционира здравствениот систем

Од:

„Никола Груевски денеска не одговори на клучните прашања дали тоа што досега не побарал оставка од Никола Тодоров покажува дека се штити врвот на власта, бидејќи очигледно тој е извршител на погрешните политики кои создадоа хаос во здравството.

После скоро 10 години на власт Никола Груевски сака да зборува за минати времиња, што е крајно несериозно и неодговорно.

Со тоа Никола Груевски најдиректно покажа дека воопшто не му е грижа што нефункционирањето на здравствениот систем во Македонија, за што е лично одговорен, предизвикува трагични последици врз животите на граѓаните.

Нема поголема смила некој да понесе одговорност поради загубени човечки животи.

Уште колку човечки животи треба да згаснат за Никола Груевски да понесете лична и морална одговорност?“, се вли во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“