СДСМ: На Груевски во главата му се само шлаканици и насилие

Од:

На Никола Груевски во главата му се само шлаканици, насилие и дебели финансиски причини со коишто опстанува на власт, велат од СДСМ.

Овие деструктивни политики нанесоа сериозни штети на евроинтеграциските процеси на Македонија.

Груевски, наместо 5 дена да се занимава што Филе сакал да и каже на опозицијата, сериозно нека ги сфати јасните пораки на еврокомесарот упатени на негова адреса.
Филе ја повика власта на Груевски итно да ги реши проблемите што постојано ги повторува набљудувачката мисија за ОБСЕ/ОДИХР, а се повторуваат и во извештаите на ЕК.

„По неодамнешните избори разговаравме за повторените препораки на ОБСЕ/ОДИХР во врска со неурамнотеженото покривање на медиумите и недостигот на поделба помеѓу државата и партијата. Во тој контекст, комесарот подвлече дека новата влада има јасна одговорност за решавање на овие недостатоци и сите оние што се повторуваат во извештаите на Европската комисија и тоа треба да биде итно сторено“, стои во соопштението од Штефан Филе.

Во моментот кога Никола Груевски ќе ја сфати својата одговорност за ситуацијата во земјава, ќе може да придонесе за европерспективите на Македонија и нема да има потреба да се мачи со алиби текстови и нарачани експертски толкувања што треба да го покриваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он