СДСМ: На Груевски му се случува граѓански фронт

Од:

СДСМ ја очекуваше нервозата кај Никола Груевски кој лично со своето незрело однесување ја урниса политичката клима во Република Македонија, ја донесе државата на ниво на финансиски колапс, ги разниша кревките меѓуетнички односи, ги искомплицира меѓународните позиции на државата, од достоиствена земја кандидатка за ЕУ, до ниво на закани за повлекување на препораката за преговори со ЕУ, за што признава самата власт на Груевски, велат од СДСМ.

Никола Груевски, вчера, преку еден од неговите инструирани експерти, дури отиде чекор понатаму во режимското практикување на власта, токму на денот кога опозицијата покажа единственост за невлегување во Парламентот, поради криминалните избори.

Груевски, преку Ивица Боцевски, се обиде да се закани на опозицијата, дека ќе го употреби Јавното обвинителство ако проработи Парламентот во сенка, што како можност го најавува опозицијата.

СДСМ му порачува на Никола Груевски веднаш да престане со смешните закани, затоа што повеќе никој не му се плаши.

Доколку опозицијата донесе таква одлука, Парламент во сенка ќе функционира, сакал Никола Груевски или не.

На Груевски му се случува граѓански фронт, му се допаѓало тоа или не.

Опозицијата ќе ги искористи сите демократски механизми за вонпарламентарното дејствување, а за тоа СДСМ и коалициските партнери НЕ бараат дозвола од Никола Груевски, ниту пак тој тоа ќе може да го спречи.

Што се однесува до Јавното обвинителство, му порачуваме на Никола Груевски дека обвинителството има многу поважна обврска пред себе од неговата желба да го спречи демократското право за функционирање на опозицијата.

Јавното обвинителство пред себе има предмет за корумпиран премиер, заплеткан во милионски поткуп.

Да имаше правен систем во Македонија, скандалозниот случај Македонска банка и другите корупциски афери во кои се инволвирани лично Никола Груевски, неговото најтесно семејство и неговите најблиски соработници, досега ќе имаа судска разрешница.

Никола Груевски нека се подготви за непокорлива одлучност на опозицијата да ја врати демократијата во Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски