СДСМ: На дело се виде лицемерието на Марјан Ристески и ДПМНЕ

Од:

СДСМ Прилеп реагира на на како што велат,  лицемерието и валканата кампања на Марјан Ристески и ДПМНЕ.

Во саботата, велат, активисти на ДПМНЕ, буквално ги обколија штандовите каде се одвиваше хуманитарниот базар и го попречија нормалното одвивање на акцијата, која под мототo „Добрината на дело “ имаше за цел да собере средства, зимница и облека за социјалните и сиромашни семејства од градот.

„Срамота, прилепчани не паметат ваков нечовечки и нехуман чин.Врв на безобразието на владејачката партија, е што со закани и уцени по работните места ги примора вработените од јавната администрација и просветата, буквално како пред пушка да излезат и да го попречат хуманитарниот настан“, рече Елена Ташкоска- координатор на клуб на жени при СДСМ .

Таа покажа слики, каде рече  јасно се гледа дека истакнати професори, наставници и директори од средни и основни училишта во градот, под притисок беа доведени да спречат настан, кој меѓудругото имаше за цел да собере средства за помош на многу деца од социјално загрозени семејства.

„Ова ли е политиката, која под директива на ДПМНЕ треба да ја спроведуваат вработените во образованието?
Почитувани наставници и професори, зошто дозволувате да бидете манипулирани и деградирани? Во оваа прилика, сакаме јасно и недвосмислено да кажеме, дека СДСМ секогаш ќе се бори за зачувување на достоинството и дигнитетот на просветните работници. Професионалноста и грижата за образованието и културата на најмладите мора да бидат приоритетите, наспроти заканите и притисоците со кои моментално се соочуваат вработените во просветата“, рече Ташкоска.

Би можело да ве интересира

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски