А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: МВР јавно соопшти дека Мицкоски имал контакти со еден од приведените во полициската акција „Двојник“

by А1он08/04/2021 - 14:57394
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да го сокрие фактот дека токму нивниот Христијан Мицкоски се обиде да саботира важна, сложена полициска акција „Двојник“ преку пласирање информации додека тече истрагата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски е на страната на криминалот, на спротивната страна од полицијата, од правдата и законите“, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски уште еднаш потфрли во намерите да ги одбрани криминалците и затоа денеска голема е нервозата во белиот дворец, голема е нервозата кај неговите соработници.

Навремената и соодветна акција на МВР ги осуети намерите на Мицкоски за саботирање на акцијата, но сега независна и транспарентна истрага треба да даде договори заради какви мотиви и интереси Мицкоски што се обидел да ја саботира оваа акција на полицијата?

Следете a1on на Youtube YouTube

Зошто Мицкоски бранел криминалци и дали има ли некакви должничко доверителски односи со нив?

Ова е особено важно откако и самото Министерство за внатрешни работи јавно соопшти дека еден од приведените во оваа акција „имал контакти“ и бил „во тесна врска“ токму со Мицкоски.

На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да им стане јасно дека заврши времето на недопирливи. Нема компромис со криминалот, секој што прекршил закон мора да се соочи и се соочува со одговорност“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Горан Наумовски10/11/2026 - 15:16

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:42

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:3707/11/2026 - 12:45

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:03

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 12:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео