СДСМ: МВР е вмешано во сериозните сомнежи за криминал

Од:

МВР и Министерството за образование и наука ги потврдија сомневањата за свесно и организирано изигрување на тендерска постапка на МОН, при што МВР се стекнало со лабаратории вредни 3,2 милиони евра, реагира СДСМ на соопштенијата на МВР и на МОН.

„МВР е институцијата што е вмешана во сериозните сомнежи за криминал, поради што министерството нема потреба, а ни право да повикува на доставување докази. МВР наместо да пишува политички одговори на поставени прашања до ЈО за организиран криминал, нека се издигне над партиските притисоци на Јанкулоска и нека ја истражи улогата на врвот на МВР и Гордана Јанкулоска во договорот за противзаконско опремување, на сметка на Буџетот за образование“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Партијата вели Министерството за образование не може да му помогне на МВР со објаснување на постапка за тендери.

„Министерството за образование треба да им каже на граѓаните: Од кога МТВ има статус на јавна научна установа и право да троши буџетски пари од потпрограма за образование и како е договорено свесно и организирано изигрување на тендерската постапка во којашто корист ќе има институција што немала законско право да се стекне со опрема во вредност од 3,2 милиони евра?!“, прашуваат СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?