СДСМ: Муцунски троши 38.000 евра за компјутери, а се жали дека општината нема пари

Од:

„Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски парите на граѓаните, наместо на проекти, ги троши на луксуз. Скоро 38.000 евра потроши Муцунски за набавка на 35 скапи компјутери. Еден компјутер чини и над 104.000 денари а Муцунски набавил пет такви компјутери“, соопшти СДСМ.

„Тоа е истиот Муцунски кој јавно се жали дека општината нема пари, дека нема да може да плати струја а во исто време троши 38.000 евра за компјутери.

Уште еден доказ за расипништвото и недомаќинското работње на Муцунски, кој во првите сто дена од мандатот постави само еден легнат полицаец.

Други проекти во Аеродром не се реализираат.

И Муцунски како и Данела Арсовска знае само да се жали, да нуди изговори за неработењето, да бара пари од Владата додека општинските средства ги троши расипнички.

Општина Аеродром и нејзините граѓани не заслужуваат градоначалник кој работи за лични и партиски интереси, против интересите на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром