СДСМ: Муцунски со лага сака да се покрива за Ќосето, не е точно дека советник од СДСМ гласал

Од:

Градоначалникот на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, со лага сака да го прикрие фактот што тој, неговата партија и Левица, партијата чиј заложник се, сакаат да го вратат споменикот на Андон Јанев Ќосето, реагира СДСМ на соопштението на Општина Аеродром.

„Не е точно дека советник од СДСМ гласал ЗА таа популистичка и евтина иницијатива на Левица.

Но точно е дека година и половина Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту еден проект од програмата, точно е дека ја задолжуваат општината, како што е точно дека само годинава за партиски вработувања ќе се потрошат пет милиони денари, пари на граѓаните.

Наместо проекти и решенија, лажни вести, долгови за граѓаните и обиди враќање на споменици со спорна, толку можат и знаат Муцунски, ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Аеродром“, се додава во реакцијата на СДСМ на соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он