СДСМ: Муцунски пред изборите зборуваше за крај на бетонизација, сега дели градежни маркици

Од:

„Пред изборите зборуваше за тоа дека ќе стави крај на бетонизацијата во Аеродром. Зборуваше за нови паркови, за чист и зелен Аеродром. Но, Муцунски го направи спротивното“, велат од СДСМ Аеродром.

„Паметиме како ја замајуваше јавноста со наводни бришења на градежни маркици, а всушност се работеше за информации до Советот дека има намера да покрене иницијатива за промена на деталните урбанистички планови. Ова е евтин блеф од страна на Муцунски.

Според податоците од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на јуни 2022 година, во Скопскиот регион ќе се градат вкупна 388 станови, од кои 215 станови се во Аеродром. Според ДЗС Аеродром е со најмногу издадени маркици во цел Скопски регион.

Ете толку му вредат зборовите и ветувањата на пред граѓаните. Нема крај на лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски“, се додава во соопштението на СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски