СДСМ: Мрачни лампиони да му подарат на Мицкоски, му одговараат на мрачниот карактер

Од:

ВМРО-ДПМНЕ предводена од мрачниот Христијан Мицкоски сака градовите да бидат завиени во мрак, и тоа во периодот на новогодишните и божиќните празници, кои влеваат нова надеж, зрак светлина во тешкиот период со коронавирусот – велат од СДСМ во одговорот на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која советничката Јелена Жугиќ му подари лампиони на градоначалникот, Петре Шилегов.

„Јелена Жугиќ нека му ги даде мрачните лампиони на Мицкоски, бидејќи совршено му одговараат на неговиот мрачен карактер и мрачните политички дејствувања ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните. Нивен единствен придонес е црната кампања против здравствениот систем и иституциите што деноноќно се борат со коронавирусот и саботирањето на сите мерки за справување со пандемијата“ – се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија