СДСМ: Можеме! Уште повеќе и уште подобро, за просечна плата од 600 евра и минимална од 300 евра

Од:

„Изборната програма на СДСМ и коалицијата „Можеме!” која се темели на пет столба нуди уште позасилен напредок и развој.

Со мерките и политиките во Програмата градиме економски силна и стабилна земја. Праведна, правична и правна држава, членка на НАТО, земја која успешно преговара со Европската Унија. Зелена, еколошка, дигитализирана, иновативна држава која има што да им понуди на своите млади. Развиваме држава за достоен живот. Држава со пристојна живеачка за сите. Градиме систем во кој трудот на работниците се вреднува и плаќа. Плата од која останува и за живот. Сакаме држава во која младите остануваат и напредуваат. Ако можевме за две и пол години да ја извадиме земјата од финансиски колапс и да обезбедиме највисок раст на платите до сега, сигурни сме дека во следниот мандат можеме уште повеќе и уште подобро“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Нема да престанеме со заложбите за раст на платите во сите сектори, за сите граѓани. Минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот – тоа е нашата понуда до граѓаните. Покажавме дека со СДСМ платите растат повеќе и побрзо. Но, знаеме, можеме и ќе обезбедиме да растат уште повеќе, за уште подобро за граѓаните.

Затоа на овие избори имаме двојно подобра понуда. Сите изборни единици се предводени од тандем носители маж и жена кои заедно со сите 120 кандидати за пратеници ќе работат двојно повеќе за да биде уште подобро.

СДСМ постави нови стандарди во политичкото делување, затоа што ја предводиме најголемата и најразнолика коалиција.

Затоа нема дилеми. Коалицијата предводена од СДСМ е победничка коалиција на изборите на 12 април.

Продолжуваме заедно со граѓаните и по победата. Можеме! Уште подобро, уште повеќе!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски