СДСМ: Може и гладијаторски игри – кој ќе преживее да добие стан од Владата

Од:

Со денешното јавно извлекување на 1.600 лица за работа во државни институции, Владата го руши достоинството на невработените, на оние со низок животен стандард или оние што живеат на дното, одговори Петар Атанасов од СДСМ, на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Навистина е деградирачки да се пријавите и да очекувате некаква среќа да ви подели работно место. Се надевам оваа идеја нема да ѝ падне на памет на владата да ја спроведе, на пример, да организира гладијаторски игри на арената Филип Втори и од 2.000 до 3.000 луѓе, оние што ќе преживеат да добијат вработување и станови. Тажно изгледаат овие проекти на Владата – Субрата Рој, лотарија за вработување и она што како игри и леб му го нудат на народот – вели Атанасов.

Тој додава дека администрацијата е веќе пребукирана, преоптоварена и има кадри кои можеби на некој друг начин би можеле да го решат тој проблем.

Според него, развојот на економијата и јакнењето на приватниот сектор е еден дел каде што овој проблем може да се реши.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски