СДСМ: Мостот во Ќерамидница ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај

Од:

„Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов ја започна постапката за изградба на нов сообраќаен коридор и мост на реката Вардар што ќе ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром, со што ќе се обезбедат услови за поефикасен и посигурен сообраќај во Скопје.

Проектот за пробивање на овој сообраќаен коридор, освен изградба на нов 120 метарски мост преку Вардар во населбата Ќерамидница, предвидува и пробивање нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2170 метри, шест коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди, како и воведување нови автобуски линии на јавниот градски превоз.

Скопје почнува да се гради како отворен град којшто поврзува и работи за граѓаните.

Изградбата на новиот сообраќаен коридор е од интерес за граѓаните на Скопје, обезбедува развојна компонента на градот и ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај.

СДСМ преку централанта и локалните власти што ги предводи продолжува да работи одговорно, отчетно и посветено во спроведување на мерките што обезбедуваат инфраструктурен развој, економски раст и квалитетни услови за живот за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници