СДСМ: Мостот на АСНОМ се уште не е во функција, Арсовска да ги надмине сопствените хирови

Од:

„Заради хировите на Данела Арсовска над 100.000 граѓани на Скопје, од Аеродром и Гази Баба, со месеци се заложници на нејзината неспособност. Мостот на булеварот АСНОМ кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба се уште не е во функција иако веќе е направен технички прием на проектот“, соопшти СДСМ.

„Мостот е проект на минатата локална власт од СДСМ и е од исклучително значење за намалување на сообраќајниот метеж како и за полсен транспорт во овој дел од Скопје.

Без разлика дали причината е тоа што мостот е на проект на претходниот градоначалник или пак фактот што Арсовска најави дека ќе го прекине проектот па по притисок на јавноста сепак го продолжи, граѓаните не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на Данела Арсовска.

Арсовска треба да ја надмине својата суета, а постот на булеварот АСНОМ треба да биде ставен во функција што поскоро, бидејќи тоа значи унапредување на квалитетот на живот и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО