СДСМ: Мора да се почитува мнозинската волја на 700.000 граѓани изразена на избори!

Од:

„Волјата на 700.000 граѓани преточена во 67 пратенички мандати мора да се почитува.

Демократско право на граѓаните е да ја изберат својата Влада и тие на кредибилни избори се изјаснија за промени, правда и заедништво.

Република Македонија има парламентарно мнозинство, како што предвидува Уставот.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, зад кого застанаа 67 пратеници во Собранието на Република Македонија веќе ја објави Програмата на новата реформска Влада, којашто го штити унитарниот карактер на државата, гарантира владеење на правото, обезбедува решенија за потребите и проблените на сите граѓани и ги отвора евто-атланстките перспективи на Република Македонија.

Неопходен е мирен трасфер на власта, низ институциите на системот, формирање на Комисијата за избори и именувања, продолжение на конститутивната седница на Собранието на којашто ќе се избере нов претседател на Собранието, мандат за мандатот за формирање нова Влада и нова Влада, затоа што тоа е мнозинската волја на граѓаните на Македонија.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Велјаноски, Ѓорге Иванов не смеат да ги кочат демократските процеси и да не ја почитуваат демократски изразената волја на граѓаните, на избори!

Порачуваме дека демократските процеси се незапирливи. Следува брза разврска на политичката криза“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер