СДСМ: Мора да има мирен трансфер на власта, насилието повлекува сериозна одговорност!

Од:

„Фунционирањето на државниот систем, егзистенцијата на граѓаните и стабилноста на државата никој не смее да ги доведе во прашање!

Бидејки блокадата од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и поттикнувањето етнички провокации од страна на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ оди во прилог на хаос во државата, порачуваме дека институциите, политички партии и секој поединец се должни да се спротивстават и да дадат придонес кон нормализација на состојбите.

Во Република Македонија постои декларирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници кое е власт во државата и кое ја има обврската да ги заштити граѓанските и државните интереси.

Криминалните интереси на Груевски и фамилијата не смеат да ја држат во заложништво Република Македонија, што за три недели, кога завршува целосно мандатот на градоначалниците и советниците, се заканува да предизвика тотален хаос во државата.

Врвен државен интерес на Македонија во овој момент е мирен трансфер на власта. Мора брзо да се одблокираат демократските процеси со тоа што ќе се избере нов собраниски претседател, а потоа и нова реформска Влада.

Укажуваме дека сите државни институции и вработените во нив имаат должност да ги заштитат државните интереси и да помогнат тој процес да се реализира согласно мнозинската волја, интересите на граѓаните и безбедноста и стабилноста на државата, а не на мала група криминалци.

Секоја активност спротивна на државните интереси е тешко неуставно и незаконско дело за што следува сериозна одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата