СДСМ: Монти пајтон е кадровската политика на Мицкоски, граѓаните се смеат по социјалните мрежи

Од:

Наместо кадровско освежување и ангажирање компетентни луѓе, како што ветуваше пред граѓаните, Христијан Мицкоски мести несоодветни кадри на заменичките министерски позиции и директорските места. Неговите партиски потреби, желбите и апетитите на неговите коалициски партнери Мицкоски ги стави пред потребите на граѓаните и одбра кадри кои на работните места ќе се чудат каде се нашле. Професор по физичкo и доктор по Кинезологија Мицкоски го предлага за заменик министер во МВР. Прашање е дали ќе биде вработен можеби како физиотерапевт за полицајците или тренер, велат од СДСМ.

– Во Министерството за одбрана, Мицкоски предлага економистка со искуство во маркетинг областа. Можеби ќе ја промовира Армијата на социјалните мрежи. Елфет Исмаили е со искуство во Фондот за магистрални и регионални патишта и Македонска пошта како соработничка за маркетинг. Заменичка министерка во Министерството за спорт, Мицкоски предлага дипломирана информатичарка, Сејфие Садик. Како овие несоодветни кадровски решенија ќе одговарат на потребите на граѓаните? Никако.
Мицкоски воопшто и не ги предлага за да работата за граѓаните туку за да одработуваат за партиската агенда на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери. Буткањето партизација на ваков начин покажува дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков мерит систем ниту пак се грижи за потребите на граѓаните, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски