СДСМ: Миноски станува соучесник во неконтролираното задолжување на државата

Од:

„Министерот почетник во Министерството за финансии, Кирил Миноски којшто ја наследи фотелјата на Ставрески очигледно не добил конкретно упатство за работа од заминатиот министер.

На економски неписмениот Миноски очигледно не му е доволно јасно што е долг, а што е капитал. 

Евентуалното издавање на нова еврообврзница не е ништо друго освен нов нелегален долг натоварен на грбот на граѓаните.

Збунетиот почетник министер очигледно ги манипулира граѓаните со тоа што ќе ја прзентира еврообврзницата како ,,странски капитал“ за да ги покрие слабите резултати на странските директни инвестиции.

Промашените економски политики на Груевски ја втурнаа Македонија на дното во регионот по странски директни инвестиции.

Очигледно Кирил Миноски сеуште не ја отворил web страницата на Министерството за финансии за да види дека капиталните инвестиции се пониски од претходната година за цели 20 милиони евра и нивната реализација изнесува само 16.5% од планираните за цела година.

Со ова Кирил Миноски станува директен соучесник којшто заедно со поранешниот минситер за финансии Зоран Ставрески учествува во неконторлираното задолжување на државата бидејќи очигледно и тој продожува слепо да ги следи наредбите на нивниот заеднички наредбодавател Никола Груевски“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО