СДСМ: Миноски направил кривично дело со еврообврзицата, Џафери е соучесник?!

Од:

СДСМ предупредува дека е кривично дело издавањето на еврообврзницата без мислење од Министерството заправда за нејзината правна издржаност.

Министерот за финансии Кирил Миноски конечно самиот мораше да признае дека ја издал еврообврзницата безправно мислење, откако министерот Џафери остана да молчи на прозивките дали Министерството за правда го издало мислењето.

Џафери молчи и за тоа дали Билјана Бришковска неговата заменичка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ неовластеного претставувала Mинистерството за правда на конференциската врска во понеделникот кога се договарашенезаконското задолжување.

Миноски, најново, најави верификација на заемот по завршување на трансакцијата од страна на министерот за правда.

Министерот за финансии со ова го прекршил Законот за јавен долг, член 18 став 6.

Миноски претходно ги излажа и странските кредитори и медиумите и граѓаните дека правно мислење за еврообврзницата има.

Укажуваме дека министерот за правда Валдет Џафери веќе го крши законот со тоа што молчи за

противзаконското издавање на еврообврзницата без правно мислење.

Џафери ќе го прекрши законот и ако ја потпише еврообврзницата по задолжувањето од 450 милиони евра како што најави Миноски.

Џафери мора да има предвид и дека ставката странски задолжувања во Буџетот за 2016 е 370 милиони евра што значи дека во Буџетот не е планирано новото историско финансиско задолжување кон коешто предизборно посегна власта на Груевски, а Ребалансот на Буџетот се уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија.

Сите извршители на финансиското злосторство врз граѓаните и нивните соучесници ќе мора да понесат одговорност, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини