СДСМ: Министерството за земјоделство повторно призна дека нелегално се произведува тутун

Од:

Денеска, Министерството за земјоделство потврди дека лица блиски до владејачката партија се вмешани во нелегално производство на тутун на црно.

Истото се случи и вчера. Требаше СДСМ да го објави скандалот па Министерството за земјоделство да признае дека во Македонија нелегално се произведува тутун, велат од партијата.

Но, власта, според нив, очигледно многу работи сака да премолчи или да ги сокрие од јавноста.

Зошто цели 5 години Државниот инспекторат и министерството за земјоделство молчеле дека нелегално се произведува тутун на црно? Дали на овој начин некој бил заштитен?

Нема одговор ниту на клучното, кој профитира и каде завршува произведениот тутун? Дали од него се прават цигари на црно и каде?

По денешното признание на Министерството за земјоделство јавноста очекува одговор кои други лица, блиски до власта, се вмешани во овој скандал и на каков начин?

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски