СДСМ: Министерството за здравство не одговара за писмото!

Од:

Министерството за здравство не одговори дали постои писмо од Клиниката за ендокринологија во коешто Тодоров и власта на Груевски се предупредени за ризиците од промената на инсулинската терапија – реагираат од СДСМ.

„Министерството за здравство не објасни која е причината за набавената помала количина од потребниот инсулин, со што е доведено во ризик здравјето на 24.000 пациенти, меѓу нив и бремени жени и деца.

Никола Тодоров самиот не е сигурен во чекорот што го презема со замената на инсулинот и безобразно, одговорноста за евентуалните последици оддалеку ја префрлува на самите пациенти. На тоа укажува фактот што Министерството за здравство нагласува дека дијабетичарите требало да се придржуваат кон советите од дијабетолозите за исхраната, физичката активност и неопходните чести контроли на гликемијата.

Ако Тодоров беше сигурен во безбедна замена на инсулинот, зошто во истото ова соопштение тој најавува дека ќе го зголемел бројот на бесплатни ленти за мерење гликемија, од околу 4 ленти месечно на околу 30 ленти месечно за пациентите? СДСМ ја повикува власта на Никола Груевски здравјето на граѓаните да го стави пред интересот за тендерите, а за да ги ослободи дијабетичарите од стресот што им го приреди, веднаш да обезбеди соодветни количини од инсулинот што недостига“ – велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски