СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Од:

Дрска и непримерна е изјавата на министерката за финансии Кочовска која рече дека таа работела саботи и недели додека другите вработени биле на одмор. Кочовска ќе си заминала ако и се намалела платата. Знае ли Кочовска само колку медицински сестри, лекари, пожарникари работат и по два до три дена без пауза? Истите за кои таа вели дека нема да гсе покачуваат платите? Знае ли колку е навредливо и за вработените во институцијата која ја води да го кажува тоа? Дали заради тоа што можеби смета дека не заслужуваат таа ја поддржува политиката платите да не растат, велат од СДСМ.

„Додека се правдаше како немало пари за покачување на платите буквално за ниеден вработен, додека смета дека минималната плата не треба да се качува, таа себе се прогласува за највредна и затоа нејзината плата не смее да се чепка. ВМРО-ДПМНЕ секој ден докажува дека е најарогантната Влада која сме ја имале и дека никој освен тие не е важен. Според ВМРО-ДПМНЕ сите треба да работат за минимум, но тие највредните може да патуваат со бизнис класи и да уживаат во своите примања“, тврдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите