СДСМ: Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник

Од:

„Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски треба да замине од функцијата, бидејќи според последните докази за скандалот „Кражба” е осуден и казнет за криминални дела – кражба и фалсификување, во времето кога студирал и живеел во Германија.

Против него се водат процеси и пред домашните судови и тоа за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда.

Блискиот соработник на Христијан Мицкоски, а претходно и на Никола Груевски е срам за Собранието, срам за македонската демократија и штетен за угледот на државата“, велат СДСМ.

„Милошоски е најмалку повикан да зборува за било што во државава освен за неговите кривични дела и судски процеси што се водат против него.

Политичката кариера на Милошоски е завршена, неговото место не е во Собранието, ниту во белиот дворец, туку пред надлежните судови каде треба да чека разрешница на предметите што се водат против него.

Со сите дела зад себе, со сите отворени предмети, со сите искажани лажни вести, Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник, туку треба да си поднесе оставка и да им се извини на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија