СДСМ: Милошоски да поднесе оставка

Од:

„Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој бил осуден за кривични дела кражби, злоупoтреби и придобивки со измами од страна на судството во Германија треба да понесе одговорност за скандалот, потврден со официјални и јавно објавени документи, да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка.

Пратеник, осуден за кражба, фалсификување исправи не е достоен да ги претставува граѓаните во Парламентот“, велат СДСМ.

„Со кое лице дезинформатoрот Милошоски излегува пред граѓаните и се обидува да им продаде морал.

Граѓаните знаат дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови, граѓаните се свесни дека тој ја спроведува политиката на Мицкоски составена од лаги, блокади, критики, политика која ја влече државата назад во режим, криминал и корупција.

После се, најмалку што може да направи Милошоски е да се извини пред граѓаните и да даде оставка, целата јавност го очекува тоа од него“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда