СДСМ: Милошоски да не лаже и да не се крие, да поднесе оставка откако документи потврдија дека бил осуден во Германија

Од:

„Откако информациите во медиумите се поткрепени и со документи дека пратеникот Антонијо Милошоски бил осуден и казнет за сторени кривични дела во Германија, тој мора да излезе пред јавноста, да се извини и да си даде оставка од функцијата пратеник.

Јавно објавените документи, разоткрија уште една лага на Милошоски, докажан дезинформатор и близок соработник на Христијан Мицкоски.

Ова е срамен и нечесен однос од ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и доказ дека ништо не се менува во оваа партија, дека таму се уште силно е присутна криминалната, режимска матрица“, велат СДСМ.

„Овој го нарушува меѓународниот углед на државата и истовремено уште еднаш го покажува вистинското антидржавно и неодговорно лице на Милошоски и Мицкоски

Граѓаните знаат дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови, знааат дека Милошоски ја злоупотребува говорницата во Собранието да шири лажни вести, знаат дека тој и Мицкоски се на браникот на криминалот.

Пратеник кој ги лаже граѓаните, кој го девалвира Собранието не е достоен да ја врши функцијата и мора да замине.

Милошоски да не се крие, да престане да лаже и да даде оставка од функцијата пратеник во Собранието“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија