СДСМ: Милионските штети и провизии за ВМРО-ДПМНЕ се баналност, новата влада ги надминува напластените проблеми

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Милионските штети и катастрофалните грешки на автопатот Кичево – Охрид за опозициската ВМРО-ДПМНЕ се баналност. Баналност се и милионските провизии што Никола Груевски ги земаше од овој автопат.

Наспроти таквиот коруптивен и криминален пристап кон инфраструктурата, Владата предводена од СДСМ активно работи на санирање на штетите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на натамошен развој на инфраструктурата.

Преку одговорна и посветена работа и преку потпишување на неколку значајни договори во инфраструктурата, Владата предовена од СДСМ ги надминува напластените проблеми, ја развива и модернизира инфраструктурата и го враќа меѓународниот углед на државата што ВМРО-ДПМНЕ со години го поткопуваше“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?