СДСМ: Милиони на сметките на медиумските курири за одбрана на криминалот на фамилијата

Од:

 
„Повеќе од еден месец медиумските курири на Никола Груевски не одговааат на прашањето – кој и на на каков начин ги финансира. 
 
Креирајќи лажна реалност, главните уредници на   “Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија”, братучедите Груевски и Мијалков им украдоа 10 години живот на граѓаните на Македонија, додека тие лично се богатеа.
 
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!
 
Додека граѓаните едвај преживуваат со по 40 денари на ден, додека над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, фабриката за лаги на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.
 
„Курир“, „Република“, и “Радио слободна Македонија” повеќе од еден месец молчат за милионските приходи на нивните сметки ама затоа секојдневно објавуваат нарачани текстови во одбрана на криминалот и корупциата на фамилијата на власт.
 
СДСМ пред повеќе од 1 месец објави за приходите од 1.3 милиони евра на „Курир“, за приходите од 1.1 милион евра на „Република“, приходите од 617.000 илјади евра на “Радио слободна Македонија.”
 
Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.
 
НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува кличните објекти во државата а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
 
Вистината за Македонија ја покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.
 
Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години  шират пропаганда и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.
 
Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумскиот мрак во Македонија фамилијата сака го користи за спас на сопствената кожа. Затоа владее тишина за милионите на сметките на медиумските курири“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ наместо да се грижела за граѓаните и државата, само крадела од народните пари