СДСМ: Мицкоски земал речиси 100.000 денари месечно во време на ВМРО-ДПМНЕ, а минималната плата била 8.000 денари

Од:

„Христијан Мицкоски е прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ. Додека бил советник за енергетика, директор на АД ЕЛЕМ, но дури по неговото разрешување, Мицкоски добил над 93.000 евра пари од граѓаните. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога минималната плата беше 8.000 денари, Мицкоски земал речиси 100.000 денари плата од ЕЛЕМ“, велат од СДСМ.

„Покрај тоа што земал хонорари и плата од АД ЕСМ Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување, на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари.

За 12 месеци му се исплатени вкупно 805.920,00 денари бруто.

По раскинување на менаџерскиот договор, примил уште над 13.000 евра пари од граѓаните.

Покрај Мицкоски и Гордана Кочоска Димитриевска примала надомест по разрешувањето од функцијата член на управен одбор и директор за финансии на тогашното АД ЕЛЕМ.

Гордана Кочоска Димитриевска уште една година примала цела плата од 66.432 денари нето.

Еве кои се вистинските паразити и по разрешување од функцијата продолжиле да земаат пари од граѓаните иако можеле да се откажат од таквата придобивка“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел