СДСМ: Мицкоски зборува за конфликти и се натпреварува со Левица кој е повеќе против ЕУ

Од:

„Христијан Мицкоски е политичар без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните. Затоа тој и целата ВМРО-ДПМНЕ лесно станаа заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица“, соопшти СДСМ.

„И милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна, покажуваат дека тој е заложник на Апасиев.

СДСМ ја внесе земјата во НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ, а Мицкоски зборува за војни, конфликти и се натпреварува со Левица во тоа кој е поголем противник на ЕУ.

СДСМ и претседателот Ковачевски работат на остварување на оваа национална и стратешка цел, за подобар животен стандард, економски силна и напредна држава, со рамноправни граѓани, рамо до рамо со сите народи од големото европско семејство.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат заложници на Левица и Димитар Апасиев и да работат спротивно од интересите на граѓаните и државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски