СДСМ: Мицкоски застана против Резолуцијата за македонските позиции во однос на Бугарија

Од:

„Со своето недржавничко однесување Христијан Мицкоски ја погази и застана против Резолуцијата за македонските позиции во однос на блоката од страна на Бугарија. Во Резолуцијата за македонските позиции, под број 4, се бара продолжување на европските интеграции со „уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите“, соопшти СДСМ.

„На ниту едно место во оваа резолуција не стои дека Северна Македонија нема исполнето некој критериум за членство. Напротив, дури и во името на самата Резолуција е создржана суштината, дека се однесува на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, од страна на Бугарија.

Сосема спротивно од Резолуцијата за македонските позиции, Мицкоски на Конгрес на ЕПП прифатил Резолуција каде во еден дел е вграден ставот на Бугарија.

Тоа е тврдењето во дел од Резолуцијата на ЕПП дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

Зошто Мицкоски прифатил усовјување Резолуција од ЕПП со ставови на Бугарија, спротивно на македонските позиции и македонската Резолуција, усовоена во нашето Собрание? Очигледно свесно и намерно“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО