СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се противат на европските вредности на единствено и заедничко општество

Од:

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со политиките на создавање вештачки поделби, на блокади и на пласирање на лажни вести, коишто се во спротивност со интересите на граѓаните на Република Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови од стра на Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата со која раководи Мицкоски, 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеше на барок, споменици, лускуз и богатење на поединци, со што ја опустоши и уназади економијата. За разлика од таквото расипничко и криминално трошење на парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со финансиите за краток период успеа да ја стабилизира економијата и да ја направи развојна. Јавниот и државниот долг за првпат по 2009 година се намалени, минималната плата е зголемена на 12.000 денари и важи за вработените во сите индустрии, а преку Планот за економски раст се создаваат услови за нови работни места и повисоки плати. Последен доказ за исправноста на фискалните и економските политики е оценката на меѓународната агенција „Фич“ којашто го промени изгледот на Македонија од негативен во позитивен, со потврден ББ рејтинг“, велат од владејачката партија.

Според СДСМ, „очигледно е дека Мицковски одбива да се спротивстави на политиките на деструкција и блокади што неговата партија ги прави исклучиво заради лични и еднострани партиски интереси. Законот за употребата на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 и со него се унапредува употребата на јазиците на сите незмнозински заедници што живеат во Македонија. Десетиците илјадници поднесени амандмани за само еден закон имаат цел да ги кочат започнатите реформски процеси и со тоа да наштетат на интересите на сите граѓани. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со ваквата политика се противат на европските вредности на единственото и заедничко општество кое го градиме со граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски