СДСМ: Мицкоски веќе зборува како Бачев, загубен во сопствената неспособност

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска ново назадување покажа Христијан Мицкоски, портпаролот на Бачев.

Антизападниот пион, Христијан Мицкоски, веќе зборува како Јанко Бачев, ниско, на ниво карактеристично за фрустритани, поразени и неуспешни политичари, загубени во сопствената неспособност.

„Бла бла“ и „дрн дрн“ муабетите на Мицкоски многу соодејствуваат со него и неговите антизападни, политички промашени делувања.

Мицкоски ќе остане запаметен како човек кој заедно со Груевски, Иванов и Бачев работеше против иднината на граѓаните и Македонија во ЕУ и НАТО, но неуспеa, беше поразен.

Оттука, разбирлив е очајот, разбирлива е маката на Мицкоски. Граѓаните и прогресивните демократски сили во земјата не дозволија да ја блокира иднината на Македонија во НАТО и ЕУ.

Македонија граби напред, завртена е светлата страница на иднината.

Целиот демократски свет, ЕУ, НАТО, САД, честита на историската одговорност на граѓаните и пратениците, го поздравува усвојувањето на уставните измени кои го отвораат патот кон полнаправно членство во ЕУ и НАТО. Пријателите од светот застанаа зад Македонија и сите нејзини граѓани.

Поразените Мицкоски и Бачев може да се спремат за изборен пораз на било какви избори, тие веќе се завршена приказна, дел од темното минато.

Кога ќе има избори не зависи од желбите на антизападниот Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, ниту нов Груевски.

Македонското општество ги порази погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и тргна напред кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО, како држава рамноправен партнер на демократскиот свет“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он