СДСМ: Мицкоски, Василевска и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите невистини што ги пласираат со денови

Од:

Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа што е асоцијација за криминал, наместени тендери и огромни провизии е симбол за ширење на лаги и невистини на штета на граѓаните, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Последната лага од кујната за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ е сценариото за јавната набавка за М-Нав која денеска беше целосно разобличена.

Дури и Иванка Василевска самата се заплетка во сопствените лаги. Вчера пред Јавното обвинителство на јавна прес конференција Василевска соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ поднесува материјали, а не кривична пријава до Јавното обвинителство. Денеска, по само 24 часа таа прашува од каде некој знаел што поднело ВМРО-ДПМНЕ до ЈО.

Кога лажеше Василевска? Вчера кога соопшти дека поднесува материјали, или денеска?

Фатени во лага, Мицкоски, Василевска и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите невистини што ги пласираат со денови.

Откако се потврди дека јавната набавка за М-Нав е реализирана за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска треба да постави неколку прашања на адреса на ВМРО-ДПМНЕ.

Како ВМРО-ДПМНЕ влијаела на јавната набавка на М-Нав?

Како таткото на Никола Попоски тогашен министер за надворешни работи, Живко Попоски, станал претседател на Управен одбор на М-Нав кој воедно е и потписник на јавната набавка.

Мицкоски наместо да се крие зад прес-конференции на кои се шират лаги и невистини, да им се извини на граѓаните и да даде одговор како ВМРО-ДПМНЕ влијаело на јавната набавка.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните