СДСМ: Мицкоски си го покажа вистинското лице, не е кадарен да води партија, ниту профил на Фејсбук

Од:

„Христијан Мицкоски веќе неколку години по ред покажува екстремно ниско ниво на јавна комуникација со граѓаните и гласачите. Човечкиот и политички профил на Христијан Мицкоски деновиве секому му се разјасни токму преку неговиот Фејсбук профил“, соопштува СДСМ.

„Очигледно е дека на Мицкоски не му е доволно тоа што е послушник на Никола Груевски. Не му се доволни блокадите, поткопувањето на здравствениот систем, пироманските деструкции.

Не му се доволни ниту релевантни европски истражувања кои го посочија како извор на лажни вести.

Политичкиот пироман Мицкоски упорно тера надолу, однесувајќи се како обичен трол што дели пцовки на интернет. Толку може, толкав му е капацитетот.

Прашање е само од која плажа пишува вулгаризми.

Некој што не може да прифати критика, не е кадарен за политичка функција, а не пак за позиција која подразбира носење одговорни одлуки.

Мицкоски не е кадарен да води партија, не е кадарен ниту да води профил на Фејсбук“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците