СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Од:

Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави „WorldAtlas“ додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа. Реалноста е сосема поинаква. Граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот. Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму она на што СДСМ подолго време предупредуваше. Нема пари за повисоки плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните во време на економска криза, велат од СДСМ.

– Дури нема ниту за навремена исплата на плати. Во Пошта повторно се доцни со исплатата и вработените се оставени без заработениот труд. Во исто време расте дефицитот, расте инфлацијата, а ликвидноста на Буџетот е сериозно нарушена. Недостатокот на пари Владата го покрива со нови задолжувања. Последно, Владата се задолжува за нови 260 милиони евра, иако само во првиот квартал Мицкоски направи нов долг од 700 милиони евра.

Владата барала 300 милиони евра, но банките понудиле само 260 милиони евра. За прв пат се случува вакво нешто, што покажува дека дури и финансискиот сектор гледа дека економските политики на Владата се ризични и неодржливи. Од доаѓањето на власт до денес, Мицкоски го зголеми јавниот долг за 2,5 милијарди евра. Мицкоски е економски дилетант кој младите македонски генерации ги турка во должничко ропство а земјата во изолација, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

Мицкоски: Опозицијата да се вразуми и да работиме заедно

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага