СДСМ: Мицкоски призна дека Македонија загуби неколку генерации како резултат на владеење на Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на видео обраќањето на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски денеска призна дека Македонија загуби неколку генерации како резултат на 11 годишното криминално и расипничко владеење на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и неговиот претходник Никола Груевски.

Ова признание на Мицкоски не е доволно. Граѓаните очекуваат наместо по стапките на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ да ги напушти штетните, деструктивни политики. Наместо да дејствува спротивно на интересите на граѓаните и државата ВМРО-ДПМНЕ треба да смогне сила вистински да се реформира.

По 11 години осиромашување, изолација и поделби на граѓаните и државата, Република Македонија тргна напред. Времето на тонење, бесперспективност и уназадување на Македонија заврши со заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес Македонија се гради како модерна, демократска држава на еднакви граѓани, а реформскиот процес и успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат економски раст, повисоки плати, одговорни институции и повеќе пари назад кај граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници