СДСМ: Мицкоски повторно кај својот ментор Груевски по инструкции за референдумот

Од:

Христијан Мицкоски повторно беше во Будимпешта, веројатно по нови инструкции од неговиот ментор, криминалецот во бегство Никола Груевски. Откако му пропаднаа сите обиди за да ја закочи државата, да ја дестабилизира и да создаде поделби, сега очигледно му се потребни совети како да се однесува по однос на референдумот што самиот го најавува, се вели во соопштението од СДСМ.

„Референдумот на Мицкоски е само за вантрепартиска употреба, него не го поддржуваат ниту неговите коалициски партнери освен Левица а прашање е дали има поддршка и од сопственото членство.

Затоа што се виде дека тој нема доверба ниту во раководството на партија, дека на веб сајтот на ВМРО-ДПМНЕ единствен член на Извршниот комитет е самиот Мицкоски.

Затоа Мицкоски ја лаже јавноста со некакви нотарски изјави на пратениците кои се без правно дејство и се скара со сите опозициски партии.

Мицкоски има проблем секогаш кога државата напредува, затоа креираше крвави сценарија, затоа најавува референдум за кој и самиот знае дека нема да биде успешен. Христијан Мицкоски останува осамен во антиевропското и деструктивно постапување“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски