СДСМ: Мицкоски покажува дека нема капацитет да ја надмине матрицата на делување на Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицковски покажува дека нема капацитет да ја надмине матрицата на делување и функционирање на Никола Груевски.

Споменикот дивоградба беше поставен незаконски, без почитување на процедурите и неговото отстранување става крај на насилното, своеволно поставување споменици кои служеа за остварување на криминални интереси, предизвикувајќи поделби меѓу граѓаните.

Затоа овој споменик дивоградба е симбол на насилното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години. Паметник на погрешното, криминалното, спротивното на интересите на граѓаните.

Загледан во минатото, Мицковски покажува целосна отсутност од релноста. Очигледно нема сила да предизвика вистински промени во ВМРО-ДПМНЕ и внатрешни реформи за демократизација и прогресивни политики кои ќе гледаат кон иднината.

Ретроградните политики на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски, коишто денеска Мицковски се обидува да ги брани, беа поразени од граѓаните на последните два изборни циклуси.

Демократските, прогресивни сили во општеството, се посветени на владеење на правото и правда за сите, а од тоа не може да има отстапки ниту исклучоци“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски