СДСМ: Мицкоски ниту еднаш не ги спомена НАТО и ЕУ, докажа дека е антизападен

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на говорот на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски вечерва уште еднаш докажа дека нема план, нема идеја ниту визија за иднината на Македонија.

Мицкоски ниту еднаш не ги спомена ЕУ и НАТО, а не престана да зборува за власт и владеење со што потврди дека е антизападен и заинтересиран само за власт.

Мицкоски има проблем дури и да ги изговори ЕУ и НАТО. Но затоа нема никаков проблем да ги брани криминалите на неговиот ментор Никола Груевски.

Мицкоски е продолжение на една криминална политика која цели 11 години ја пустошеше Македонија, додека тој добивал бизниси со хидроцентрали а граѓаните осиромашуваа.

Од една страна е изгубено раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое ги брани тие криминали кои ги осиромашија граѓаните а од друга страна одговорната Влада на СДСМ која обезбедува повеќе пари кај граѓаните, инвестиции и напредок.

Од една страна граѓаните гледаат како Македонија оди напред кон ЕУ и НАТО, а од друга страна се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои немаат план, немаат визија за иднината на државата. Граѓаните на Македонија ги поразија деструктивните политики, ги поразија оние кои не враќаа назад и не туркаа кон бездна.

Македонија оди напред кон ЕУ и НАТО, антизападниот Мицкоски останува изолиран во својата деструкција“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он